Почина на 75-годишна возраст

Наде Проева
09.09.1949-06.11.2024

Наде Проева – македонска историчарка и класицист, редовна професорка на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, при Филозофскиот факултет на катедрата за историја во Скопје. Учествуваше во ископувањата на антички и средновековни локалитети во Македонија и пошироко. Важеше за строг но омилен професор, секогаш на страната на историската вистина и на историската правда. Нејзината книга „Историја на Аргеадите“ (2004) е прв учебник за историјата на античките Македонци и прв напишан учебник за студентите на катедрата за Историја. Изгубивме врвен научник и борец за македонската кауза. Нека и е светол патот кон вечноста.


Сочувство до фамилијата и најблиските

ЖАЛНА ВЕСТ, oбјавено на: 07 ноември, 2024 во 22:50 часот