17 години непребол, никогаш заборавен

Тоше Проески
25.01.1981-16.10.2007

„Верувам во Господ и можам само да му се заблагодарам за дарот што го имам, бидејќи тоа што го работам го сметам за мисија што тој ја извршува преку мене. Јас сум само марионета. Исус беше распнат за луѓето. Луѓе блиски до себе. И денес добрите и успешните луѓе се распнати од блиските. На сите ни се случува. И на мене. Но, не сум разочаран. Напротив, мислам дека тоа е во човечката природа. Се обидувам да им дадам до знаење дека не треба да го следиме примерот на луѓето кои го предадоа Исус. А квалитетните луѓе, луѓето кои отскокнуваат, се распнати. Уметници, спортисти… Чекаме прво да станат познати во светот, па дури потоа овде признаваме дека се навистина нешто посебно. Тоа се случува редовно“.

 -Тоше Проески, за Бога

ПОМЕН, oбјавено на: 16 октомври, 2024 во 22:12 часот