Your cart is currently empty!
Почина најстариот народен херој на поранешна Југославија
Петар Матиќ Дуле
06.07.1920-04.10.2024
На 104-годишна возраст почина последниот народен херој на поранешна Југославија, командантот на Сремскиот партизански одред, а потоа и на Шестата војводинска бригада, генерал-потполковник Петар Матиќ Дуле од поранешната ЈНА. Роден во Ириг во богато земјоделско семејство, основно училиште завршил во родниот град и се занимавал со земјоделство до почетокот на Втората светска војна. Во август 1941 година тој бил задолжен за прифаќање на комунистите кои избегале од затворот во Сремска Митровица. Кога бил формирана Иришката партизанска чета, тој станал нејзин прв политички комесар. Почивај во мир хероју.