ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Метрополит Тимотеј
20.10.1951-24.11.0224

Почина Тимотеј Дебарско-кичевски — македонски владика, митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Роден во Младо Нагоричане, Кумановско со световното име Славе Јовановски. По изборот за епископ на 20 септември 1981 година хиротонисан е за архијереј на МПЦ во црквата „Свети Димитриј“ во Скопје. Од 21 септември 1981 година е Митрополит Австралиски и администратор на Дебарско-кичевската епархија. Со Австралиската епархија раководел до 1995 година, потоа со Дебарско-кичевската епархија како Митрополит Дебарско-кичевски сè до неговата смрт. Беше еден од најистакнатите претставници на МПЦ, познат по својата посветеност на православната вера и грижа за заедницата.


Почивај во мир

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ, oбјавено на: 27 ноември, 2024 во 16:07 часот