ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ

Оливера Николова
11.03.1936-04.11.2024

Нѐ напушти една од најзначајните наши писателки. Беше една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки. И покрај богатата книжевна историја, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност – Зоки Поки. Со преку 50 години активна книжевна кариера, таа успеа да ги освои највисоките награди и признанија, меѓу кои „Стале Попов,“ „Рациново признание,“ „Роман на годината“ и престижната награда „ПрозАРТ“ за придонес во развојот на балканската литература. Оваа година беше одликувана со Орден за заслуги за Македонија, признание кое ја заокружи нејзината посветеност кон книжевноста.
Нејзиното книжевно наследство ќе продолжи да инспирира и идни генерации.


Почивај во мир

ПОСЛЕДЕН ПОЗДРАВ, oбјавено на: 04 ноември, 2024 во 14:56 часот