Your cart is currently empty!
Со користење на нашиот портал сметаме дека сте запознаени и согласни со наведените Услови за користење.
ОПШТИ УСЛОВИ НА РАБОТЕЊЕ
– Услугите кои ги нуди pocinati.mk се објави односно известувања чија цел е да се информира пошироката заедница за смртта на одредено лице.
– Објавите се поделени во три категории, и тоа: жална вест, помен и последен поздрав, каде што секоја од нив има три формати на објава.
– Сите објави ќе бидат детално разгледани од операторите на pocinati.mk пред нивно одобрување односно објавување на порталот pocinati.mk.
– Давателот на услугите го задржува правото да не ги објави објавите со непримерна содржина и да ја провери веродостојноста на податоците кои ги објавува корисникот.
ОДГОВОРНОСТ НА КОРИСНИКОТ
– Корисникот на услугата е должен да се запознае со општите правила и услови, а со самото поднесување на објава, потврдува дека со истите се согласува.
– Корисникот на услугата се обврзува дека ќе објавува содржина која е во пропис со законот и Уставот на Република Северна Македонија.
– Забрането е додавање на објави со непримерна содржина, која е незаконска, заканувачка, злосторничка или вознемирувачка. pocinati.mk го задржува правото да не ги објави објавите со непримерна содржина.
– Корисникот на услугата се обрзува дека ќе ја користи интернет страницата pocinati.mk во пропис со законите на Република Северна Македонија како и со општите морални и етички начела.
– Корисникот на објавата е одговорен за вистинитоста на податоците кои ги објавува.
– Корисникот на услугата, со самото додавање на објава, го овластува давателот на услугите да ја користи, копира, објавува и дистрибуира содржината и во други медиуми, каде што давателот на услугите гарантира дека нема да бидат објавени личните податоци на корисникот, туку само содржината и линкот од објавите објавени на pocinati.mk.
ОДГОВОРНОСТ НА ДАВАТЕЛОТ НА УСЛУГИТЕ
– Објавата ќе биде трајно видлива на порталот pocinati.mk, односно се додека корисникот на објавата не побара отстранување на објавата од оправдани причини.
– По барање на корисникот, давателот на услугите е должен да испорача датотека со лични податоци кои ги поседува и по барање на истиот да ги избрише личните податоци на корисникот и додадените објави од страна на корисникот.
– Корисникот на услугите го задржува правото да побара поврат на средствата на давателот на услугите во случај на погрешна уплата и доколку услугата не е испорачана онака како што побарал корисникот на услугите.
– Корисникот на услугите го задржува правото во рок од 48 часа од моментот на објавување на објавата, со испраќање на mail на [email protected], да побара измени во објавата во случај на грешки во истата или во случај кога објавата не е во согласност со наведените барања на корисникот.
– Давателот на услугите го задржува правото да не ги врати паричните средства на корисникот доколку утврди дека услугата била испорачана и пренесена на начин кој бил побаран од страна на корисникот.
– Корисниците го овластуваат давателот на услугите да ја користи, копира, објавува и дистрибуира содржината и во други медиуми, каде што давателот на услугите гарантира дека нема да ги објавува личните податоци на корисникот, туку само содржината и линкот од објавите објавени на www.pocinati.mk.
– Копирањето на содржината објавена на порталот pocinati.mk и нивно објавување на друг медиум е строго забранета и за истото давателот на услугите е должен да превземе правни мерки со цел да ги заштити корисницте на услугите.
– Давателот на услугите го задржува правото во секое време да изврши измена во општите услови за користење.
ОДГОВОРНОСТ
– Сите објави, фотографии, пораки, текстови и други материјали кои се објавени на pocinati.mk, а се линкувани до други интернет страници, се исклучителна одговорност на лицето кое ги објавил истите.
ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
– Забрането е копирање и комерцијална употреба на било кој дел од порталот pocinati.mk без претходно писмено одобрување од страна на давателот на услугите.
ПЛАЌАЊЕ
– Плаќањето е овозможено преку кредитна или дебитна картичка и преку уплата на жиро сметка.
– Со цел уплатата преку жиро сметка да биде уредно извршена Ве молиме да ги внесете следните податоци при уплатата:
* Цел на дознака: Наведете ја категоријата и форматот на објавата која сакате да биде објавена (пример: Жална вест 1/4).
*Жиро сметка:
*Примател:
– Откако ќе ја извршите уплатата, Ве молиме да не контактирате на [email protected] или на телефонскиот број 070-344-939 со цел да ги споделите останатите податоци потребни за пренесување на Вашата порака во целост.
– Онлајн плаќањата се овозможени преку Е-commerce платежниот систем на Халк Банка.