Почина нашиот ракометен репрезентативец и тренер

Александар Јовиќ
24.09.1973-15.01.2025
Утрово, на 51-годишна возраст почина човекот кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот. Иако е роден во Босна и Херцеговина, голем дел од животот го помина во Македонија. Како ракометар беше дел од Јафа Промет, Вардар, Пелистер и Металург каде и ја заврши играчката кариера. Последниот ангажман на Јовиќ беше на тренерската позиција на Тинекс Пролет.
Остави голема трага во светот на ракометот, нека почива во мир.
Сочувство до фамилијата и најблиските